[ИНФО] Лице на годината за Македонија 2016: Ивана Караџова

Лице на годината за Македонија 2016 Ивана КараџоваНа гламурозниот настан воедно и финале на регионалниот избор за Лице на Годината 2016, кој ги собра сите позначајни еминентни представници и уметници од севкупната модна фела, беше представена и официјално прогласена Ивана Караџова од модната агенција Моделс ИН од Скопје за Лице на Годината за Македонија 2016. Караџова заедно со другите финалистки веќе патува за Сицилија каде ќе ја представува Македонија на овој престижен избор за нај лице на светот “The Look Of The Year 2016.”

 

Лице на годината за Македонија 2016 Ивана Караџова
Запомнете го добро ова име бидејќи Лице на Годината во соработка со модната агенција Model Scouting Office, низ овој проект светски познат како The Look of the Year ќе ја пласира нашата Ивана во врвот на интернационалниот моделинг.

Лице на Годината и Model Scouting Office се многу горди на себе со досегашните резултати и пласмани, ако се земе во предвид дека токму нашите лица на годината се прогласени за Лице на светот веќе три години по ред, каде со понатамошните ангажмани го оправдаа нивниот успех на модните писти во Париз, Лондон, Милано…

www.licegodine.com
www.modelscoutingoffice.com