[ФОТО] ИВАНА КАРАЏОВА Лице на годината за Македонија 2016 (The Look Of The Year Macedonia 2016)

Лице на годината за Македонија 2016 / The Look Of The Year 2016 Macedonia Ивана КараџоваНа гламурозниот настан воедно и финале на регионалниот избор за Лице на Годината 2016, кој ги собра сите позначајни еминентни представници и уметници од севкупната модна фела, беше представена и официјално прогласена Ивана Караџова од модната агенција Моделс ИН од Скопје за Лице на Годината за Македонија 2016. Караџова заедно со другите финалистки веќе патува за Сицилија каде ќе ја представува Македонија на овој престижен избор за нај лице на светот “The Look Of The Year 2016.”

 

Лице на годината за Македонија 2016 / The Look Of The Year 2016 Macedonia Ивана Караџова

ИВАНА КАРАЏОВА Лице на годината за Македонија 2016 (The Look Of The Year Macedonia 2016)

 

Запомнете го добро ова име бидејќи Лице на Годината во соработка со модната агенција Model Scouting Office, низ овој проект светски познат како The Look of the Year ќе ја пласира нашата Ивана во врвот на интернационалниот моделинг.

Лице на Годината и Model Scouting Office се многу горди на себе со досегашните резултати и пласмани, ако се земе во предвид дека токму нашите лица на годината се прогласени за Лице на светот веќе три години по ред, каде со понатамошните ангажмани го оправдаа нивниот успех на модните писти во Париз, Лондон, Милано…

www.licegodine.com
www.modelscoutingoffice.com