[ИНФО] Се одржа кастинг за избор на Лице на годината од Македонија 2017

Лице на Годината од Македонија 2017

Благодарение на одличната соработка со агенцијата од Белград – Моделс Скаутинг Офис (MSO ) врвниот тим на букери предводени од Јелена Џокиќ и Катарина Весковиќ ја направија селекцијата на 12 те финалистки за да одберат Лице на годината за Македонија.

Откако направија разговор ,ги разгледаа и фотографираа девојките со материјалот се вратија за Белград каде заедно со Јелена Ивановиќ ќе одлучат која од девојките треба да биде Лице на Годината.

Инаку Јелена е првиот човек на МСО и ја поседува лиценцата за овој престижен избор од каде излегуваат идните светски топ модели.

На самиот кастинг како дел од агенцијата Моделс ИН присуствуваа и минатогодишните претставнички на Македонија -Јована Нешова и Ивана Караџова, и воедно направија мал кастинг за момците.

Само да потсетиме на истиот овој избор во доцните 80 ти години ,нашиот топ модел Надица Георгиева победи на ниво на цела Југославија, за потоа да направи успешна светска кариера.

За кратко време и официјално ќе дознаме кое ќе биде новото лице за Македонија што во Октомври ќе не претставува на светскиот избор во Таормина – Сицилија.

Официјален фотограф за целиот настан беше Бојан Стоилковски.