[ФОТО] ГОРЈАНА КУЛИШЕВСКА Лице на годината за Македонија 2017

Gorjana Kulisevska LICE na GODINATA Makedonija 2017 The Look Of The Year Macedonia 2017Шеснаесетгодишната скопјанка Горјана Кулишевска завчера избрана за Лице на годината за Македонија за 2017 година на завчерашниот регионален избор во Белград. До изборот познат и како Look of the Year дојде после кастингот што во јуни годинава се одржа во Скопје, во просториите на модната агенција MODELS IN кога беа избрани десетте финалистки од Македонија.

 

 

Горјана Кулишевска Лице на Годината за Македонија 2017 The Look Of The Year Macedonia 2017

Фото: Лука Бошковић

 

Прекрасна Горјана која е веќе 3 години дел од MODELS IN во моментов се наоѓа на финалето за Лице на годината 2017 кое се одржува на вулканскиот остров Искија во Италија. Инаку Кулишевска е трета година во гимназијата „Орце Николов„ и покрај моделингот успева да најде време за фитнес и џогинг. За регионалниот избор е задолжена агенцијата MSO на Јелена Ивановиќ која сè уште ги застапува и минатогодишните победнички од овој избор и секако се грижи за интернационалната кариера на нашиот топ модел Елена Реи. Големото финале на The Look of the Year се случува во сабота, па на нашата Горјана ѝ ја посакуваме сета среќа на светот – изјави Алек Наумовски од „MODELS IN”.

www.licegodine.com
www.modelscoutingoffice.com